Продуктивната работна недела заокружена со еколошка акција надвор од канцеларија!
Вработените на ДС Смит во Скопје на 7-ми јуни активно се вклучија во #TrashTag кампањата за поздрава животна средина и успешно одговорија на предизвикот кој во целост се совпаѓа со основната цел на компанијата “Ја редефинираме амбалажата за потребите на светот што се менува“.
Во заедничка соработка со фондацијата “Ellen MacArthur“, ДС Смит уште еднаш покажува на дело дека одржливиот развој зазема централно место во корпоративните вредности на компанијата.
На глобално и локално ниво, ја отпочнавме кампањата #TrashTag каде сите ние ќе допринесеме за подобра животна средина преку еколошки акции за чистење на локации во нашето окружување, велат од компанијата.
Во таа насока, ДС Смит продолжува со поддршка на активности фокусирани на заштита на животната средина .