Лекарската дејност е област која има исклучително и значајно место во секое општество. Тргнувајќи од тоа, лекарската комора бара со новиот закон за лекарска дејност да се дефинираат платите на лекарите.
Утврдувањето на основната нето плата се врши преку множење на просечната плата со коефициенти, односно коефициент 2,5 за општи лекари т.е 3,8 за доктори супспецијалисти. Доколку се земе во предвид дека просечната нето плата изнесува 24 590 денари, тоа значи дека платите на лекарите треба да бидат сразмерно распоредени во однос на должината на образованието, специјалистичкото односно супспецијалистичкото усовршување.
Во однос на ова, бројките се следни: општ лекар ќе зема плата од 61 475 денари, специјализант 66 393 денари, специјалист 86 065 и субспецијлист 96 862 денари.
Лекарите имаат голема одговорност и заслужено треба да земаат повисоки плати.
Тоа го докажува и последната анкета на www.vrabotuvanje.com.mk која потврди дека највисока плата во државниот сектор заслужуваат вработените во здравството, односно докторите.
Дури 64 проценти од испитаниците одлучно велат дека докторите треба да бидат едни од најплатените работници во јавниот сектор бидејќи од нив зависи човековиот живот.
“Без нив не се може, тие се спасители на нашите животи; Докторите, затоа што учат најтежок факултет; Останавме без доктори во државата, тие треба да имаат повисока плата; Нивната работа е најстресна, од нив зависат човечки животи“, се дел од коментарите.
Целата статија прочитајте ја тука.