Вообичаено работниците и нивните здруженија се тие коишто бараат зголемување на платите.
Претставници на Здружението на работодавци на БиХ изминатата недела имаа средба со претседателот на Социјалдемократската партија на БиХ (СДП), Нермин Никшиќ и претставници од други партии во Претставничкиот дом на Парламентот во врска со “Иницијативата 20+5+6“.
Тоа е збир на законски решенија кои се доставени до Владата и Парламентот од страна на здружението на работодавци со цел растеретување на економијата и подобрување на бизнис климата.
Претставници на СДП ја поддржаа иницијативата на здружението истакнувајќи дека се претставниците на нивната партија се подготвени да ги поддржат сите добри законски решенија и иницијативи кои ќе бидат во интерес на создавање на подобра бизнис клима, што ќе овозможи поголем прилив на инвестиции, имплементација на нови технологии во производните процеси и креирање на работни места.
Особено беше истакнато дека поддршка ќе добијат законските решенија кои во крајна линија ќе придонесат за просперитетот на работниците, работодавците и државата во целост.
Истакнавме дека Здружението на работодавци на БиХ, по договорот со претставниците од синдикалните организации, е подготвено да разговара и заеднички да предложи да се зголеми минималната плата бидејќи интересот на работодавците е да има задоволни и мотивирани вработени, изјави Младен Пандуревиќ, претседател на здружението.
Инаку, минималната плата во БиХ изнесува 605.48 конвертибилни марки (208 евра).