Одлична шанса за невработените лица до 34 години!
Агенцијата за вработување на Република Македонија ги повикува сите невработени лица на возраст до 34 години кои имаат минимум основно образование и немаат работно искуство согласно своето образование, да се вклучат во мерката Практиканство за период до 3 (три) месеци кај работодавачите заради стекнување на одредени практични знаења и вештини.
За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална белест и данок на личен доход) за периодот за кој се извршува практичната обука.
Заинтересираните кандидати може да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на Агенцијата за вработување секој работен ден од 9:00 до 14:00 часот.