Икеа е позната по своите вкусни шведски ќофтиња, бесплатни пенкала и упатства за монтирање на мебел.
Но, исто така, Икеа може да биде одлично место на кое може да се направат добри зделки кога купувате мебел за дома – но внимавајте да не направите некоја вообичаена грешка при купувањето.
Икеа е неменета за импулсивно купување, вели Сара Скирбол, експерт за шопинг и трендови за RetailMeNot.
Ова значи дека може да биде тешко за вас да направите кратко разгледување со цел да купите само неколку работи. Наместо тоа, ако не сте мудри, ќе излезете од Икеа по неколку часови шопинг, и тоа со мебел и други работи за кои не сте сигурни дали навистина ви требаат.
Прочитајте за осумте вообичаени грешки кои експертите ви препорачуваат да ги избегнувате следниот пат кога ќе влезете во Икеа за да го максимизирате вашето време и заштеди.
1. Не мерите пред да купувате
Се чини дека нема смисла, но може да биде скапа грешка ако купите парче мебел што не се вклопува во вашиот простор. Бидете сигурни дека ќе одвоите време за да го измерите вашиот простор пред да одите во Икеа.
2. Не проверувате каталог
Повеќето продавници на Икеа истовремено функционираат како изложбен салон, продавница и магацин, така што може да ве чини време доколку дојдете неподготвени. Ако го погледнете каталогот на Икеа, може да ја направите нарачката уште пред да стигнете таму.
3. Не знаете како да се движите во продавницата
Најголемиот број Икеа продавници се големи и лесно можете да се изгубите во лавиринтот од соби и оддели. За да не го изгубите фокусот, осигурајте се дека со вас ќе ја понесете мапата која ви дава детален распоред на целата продавница.
4. Не сте член на програмата за лојалност
Најдобриот начин да заштедите пари е да се приклучите на програмата за лојалност: Ikea Family. Членството е бесплатно, а програмата нуди попусти и промоции. На пример, членовите секогаш добиваат бесплатен чај или кафе во ресторанот.
5. Не правите пауза
Една од грешките е тоа што за време на шопингот, не правите пауза во ресторанот каде што може да ги вкусите најдобрите специјалитети од шведската кујна. “Храната во Икеа е огромен бонус“, вели Скирбол, особено за оние кои купуваат како семејство и оние на кои шопингот ќе им потрае подолго од очекуваното. Таму, не само што има многу ефтина храна, паузата ќе ви овозможи да ги апсорбирате сите идеи и производи кои сте ги погледнале и да заклучите што ви треба, а што не.
6. Не ја користите можноста да бидете сами на некое време
Понекогаш не само што ви е потребна храна, туку и пауза од купување со деца. Повеќето продавници нудат бесплатна грижа за деца на возраст од 4 до 10 години. Таму може да ги оставите децата до еден час, а ако сте дел од програмата за лојалност, добивате дополнителни 30 минути.
7. Го прескокнувате одделот “As-Is”
Ако сакате највисоки попусти, одете во одделот “As-Is” кој обично се наоѓа во складишниот дел од продавницата. Овде може да најдете предмети што другите купувачи ги вратиле, производи кои веќе не се произведуваат или производи со мали оштетувања. Иако Икеа вели дека предметите во овој оддел можат да бидат намалени за 50%, експертите велат дека цените вообичаено се намалени за околу 15%. Кога станува збор за овој оддел, најголем избор имате во понеделник наутро бидејќи најголемиот број од предмети се рекламираат за време на викендот.
8. Не купувате во најдобро време
Во најлош случај, може да одберете време кога Икеа е преполна со клиенти и речиси е невозможно да се приближите доволно блиску за да го видите и допрете производот за кој сте заинтересирани. Ако сакате да купувате на мира, експертите препорачуваат дека најдоброто време за тоа е во сабота после 18 часот.