Град Скопје денеска распиша два јавни повици - за субвенционирање на граѓаните на подрачјето за купување електрични тротинети во 2019 година и за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди во 2019 година.
Повикот за субвенционирање на граѓаните за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје што ќе купат нов електричен тротинет од 01.01.2019 година до исцрпувањето на буџетот, или не подоцна од 30.11.2019 година.
Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.
Субвенционирањето ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Повеќе информации ќе најдете на следниот ЛИНК.
Од денес може да аплицирате за субвенции за електрични тротинети
Aktualno
-
Паметно греење – како да ја одржите топлината во домот без да ги зголемите сметките?
Прашањето за идеалната температура во домовите во зимските денови секогаш е актуелно. Загревањето на просториите не е само прашање на комфор, туку и на здравје, енергетска ефикасност и заштеда.
-
Ајфон телефони со инсталиран ТикТок се продаваат за десетици илјади долари
Иако забраната на ТикТок во САД не траеше долго, на eBay и понатаму можат да се најдат телефони со инсталиран ТикТок за кои сопствениците бараат неколку десетици илјади долари, а апсолутен шампион е еден оглас во кој за телефон со познатата апликација се бара цел милион.
-
Европски грaд кој Меланија Трамп го стави на мапата на светот: Некогаш текстилен центар, денес туристичка локација
Родниот град на Меланија, Севница во Словенија, стана туристичка дестинација од кога Доналд Трамп првпат беше избран за претседател на САД во ноември 2016.
-
ПОСЛЕДЕН ПОВИК за пријава на Најдобрата регионална HR пракса!
Пријавете го вашиот проект за признанието „Најдобра регионална HR пракса“
-
Бидете внимателни: Се појавија лажни профили за продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром Скопје
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, сака да ја информира, а истовремено да ја предупреди јавноста дека, за жал, има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот аеродром Скопје.
-
Колку европските народи се задоволни од животот: Финците на врвот, а еве кој е на дното
Просечната оценка за задоволство со животот на граѓаните на Европската Унија во 2023 година изнесуваше 7,3 на скала од 0 до 10, објави Евростат, а Финците се оценети како најзадоволни од животот.