Ако сакате да патувате со автомобил надвор од границите на својата држава потребно е да имате зелен картон.
Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.
Цената на зелен картон на патничко возило до 66 KW на годишно ниво е 3.690 денари, а за над 66 KW за една година е 5.536 денари. Цена за патничко возило до 66 KW за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 KW e 3.075 денари. За влечните и специјалните возила, моторциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари.
Зелениот картон може да се набави во сите подружнници на Мобилити брокер кои работат во рамките на Станиците за Технички преглед на АМСМ низ Македонија.
Важноста на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.