Успешните компании имаат три заеднички работи: одличен лидер, задоволни клиенти и среќни вработени. И додека платата може да ги задржи вработените некое време, позитивната работна средина во комбинација со атрактивната бенефициска програма се клучот за мотивирани и задоволни вработени на долг рок.
Однесувајте се кон вашите вработени како првокласни клиенти, бидејќи тоа е она што се. Покажете им дека се ценети, значајни и почитувани. Високиот обрт на вработени може да предизвика огромни загуби за компанијата кои се манифестираат во различни сегменти од бизнисот. Токму затоа, задоволството на вработените и нивната среќа се од витално значење за успехот на секоја организација.
Среќните вработени имаат позитивен став
Несреќните вработени немаат желба за работа и често покажуваат просечен или потпросечен перформанс. Нивната огорченост може да предизвика негативна работна атмосфера на работното место. Од друга страна, среќните вработени имаат позитивен став кој ги мотивира да работат подобро и да создаваат квалитетна работа што некогаш ги надминува дури и највисоките очекувања.
Среќните вработени се продуктивни
Кога вработените се продуктивни, тие имаат помала веројатност да “прегорат“, да бидат под стрес или да се разболат. Тие, исто така, се порешителни и секогаш спремни да преземат нови задачи што ќе им помогнат да развијат нови вештини. Среќните вработени вложуваат поголем напор и секогаш го завршуваат денот со насмевка на лицето, наместо цел ден да гледаат во часовникот чекајќи да ја напуштат канцеларијата.
Среќните вработени се тимски играчи
Вработените со позитивен став може да ги мотивираат и да влијаат на другите вработени. Тие се секогаш подготвени да им понудат помош или поддршка на нивните соработници на најразлични проекти и задачи. Кога во вашата организација има вакви луѓе, тоа поттикнува колаборативно работно опкружување каде што сите работат за постигнување на заедничките цели.
Среќните вработени привлекуваат клиенти
Кога разговарате со весели луѓе, одговорот е секогаш позитивен. Среќните вработени воспоставуваат и одржуваат одличен однос со клиентите. Ова е особено важно доколку компанијата се занимава со кориснички услуги каде односот кон клиентот е императив за успешен бизнис.
Среќните вработени инспирираат креативност
Позитивните луѓе имаат тенденција да бидат покреативни. Ова значи дека среќните вработени кои имаат позитивен став се подобри во изнаоѓање на решенија и секогаш размислуваат надвор од кутијата, за разлика од фрустрираните вработени кои не само што не размислуваат за решенија, туку и ја фокусираат својата енергија на наоѓање виновник.
Патот до среќни вработени
Придобивките од тоа да имате среќни и задоволни вработени одат над и подалеку од самиот бизнис. Токму затоа е од круцијално значење вашите вработени да пристигнат на работа и да го завршат работниот ден со насмевка.
Чекорите за креирање на работно место каде што работат среќни луѓе можат да бидат скапи на почеток, но на долг рок, овие луѓе ќе и помогнат на компанијата да расте, да ги постигнува своите цели и да биде успешна.
Еве неколку работи што можете да ги направите доколку сакате вашите вработени да бидат среќни:
- Промовирајте рамнотежа помеѓу работата и животот за да ги ослободите луѓето од “прегорување“ и стрес;
- Обезбедете сеопфатна бенефициска програма за вработените;
- Поттикнувајте професионален развој и личен успех;
- Стимулирајте позитивна работна култура и средина за да го обликувате вистинскиот став;
Знаете и самите дека работата е тешка и стресна. Но, кога поттикнувате култура која промовира рамнотежа помеѓу работата и животот, имате среќни вработени. И кога овие луѓе се задоволни на работа и со она што го прават, тие стануваат целосно ангажирани во организацијата и на тој начин стануваат попродуктивни.
Почнете да поттикнувате здрава работна средина уште сега за да ги направите вашите вработени среќни, а вашиот бизнис успешен!