Мојот прв ден како практикант во Вработување - измешани чувства на збунетост, трема, но и голема мотивираност и ентузијазам... Вака Павлина, HR менаџерот на Вработување се сеќава на почетоците на својата кариера.
Пред нешто повеќе од 5 години Павлина му се приклучи на тимот на Вработување како практикант. Денес работи во секторот Посредување при вработување на позиција Специјалист за регрутација, селекција и head hunting процедури, каде работиме согласно лиценца издадена од МТСП за посредување при вработување во земјата и странство. Паралелно, интерно во Вработување се грижи за вработените во улога на HR менаџер.
Ја прашавме за нејзиниот прв работен ден во Вработување, таа низ насмевка ни одговори вака:
Да, се сеќавам на првиот ден како практикант во Вработување, измешани чувства на збунетост, трема, но и голема мотивираност и ентузијазам... секако се сеќавам и на големата поддршка и охрабрувачкото интервју од колешката Ирена, која беше и мој ментор.
Нејзината кариерна патека од практикант до HR менаџер говори многу за нејзиниот развој во компанијата, но сепак не интересираше што е она што Павлина го смета за личен успех постигнат во компанијата, а што најголем предизвик?
Личниот развој во компанијата, како резултат на кој менаџментот ми овозможи да се остварам во уште една улога во Вработување, ХР Менаџер на брендот Вработување.
Пазарот на трудот е голем предизвик сам по себе, но работата на селекција на кандидати и head hunting процедури за доста специфични и дефицитарни работни позиции во РМ ќе ги издвојам како први. Согласно новата работна позиција како ХР Менаџер, голем предизвик беше/е и имплементација на нови ХР активности, правилници и процедури за работа.
Ако треба со еден збор да го опишете Вработување, кој би бил тој?
Дефинитивно, Развој.
Даниела е дел од Вработување повеќе од 14 години. Низ годините работела на повеќе позиции, а денес успешно го менаџира Секторот за привремени вработувања во Вработување ХР Солутионс. Привремените вработувања опфаќаат пријави и одјави на вработени, исплата на плати и дополнителни услуги за вработените, како годишни одмори, подготовка документи и потврди, листи за плата, во име на работодавачот - корисник.
Сеуште со ист ентузијазам се сеќава на нејзиниот прв работен ден во Вработување, во Септември 2004 година, во поранешните простории на компанијата, или како што вели таа – „на поткровје во МЦМ“.
Со 14 години посветена работа и градење на брендот, Даниела имаше многу што да издвои како свој личен успех:
Работев истовремено на повеќе позиции, администратор на веб, селекции, интервјуа, привремени вработувања, финансии-плати, плаќања, продажба, менаџирање. Личен успех за мене е задоволен клиент од услугата во привремените и задоволни мотивирани вработени.
Имав и многу предизвици.. Ама ова ќе го издвојам како најголем предизвик во Вработување - поради боледување на колешка од финансии еден месец правев подготовка и исплата на плата за 800 вработени (само да споменам, имав 3 дневна обука :) )
Ја прашавме Даниела како ја опишува компанијата и брендот Вработување, а таа без двоумење и нескромно ни кажа:
Постојаност и квалитет - Компанија број 1 која се грижи за човечките ресурси.