Меѓу народот важи правилото дека нов автомобил губи 30 отсто од вредноста веднаш штом излезе од салон.
Не е толку драстично, но ваквата изјава и не е далеку од праксата. Последните истражувања покажуваат дека во првите пет години автомобилот губи дури 52 отсто од вредноста.
Секако, разликите се огромни во зависност од марката на автомобилот, моделот и класата, што главно ја диктира цената на половниот автомобил.
Моментално најдобар избор во овој поглед се: Волксваген Голф и Рено Клио. Германската гордост губи дури 12% од цената во првите година дена од купувањето, а францускиот господар на градскиот асфалт околу 16%.
Генерално гледано, цена најдобро држат германските автомобили (истражувањата се однесуваат на нашиот регион), а најценети се премиум марките Порше, Мерцедес, Ауди, БМВ и споменатиот Волксваген.
По Германците, купувачите најмногу ги вреднуваат јапонските Тојота, добро се држат и Французите иако јавноста го мисли спротивното, додека зад нив се брендовите од Јужна Кореја.
Купувачите најмалку доверба имаат во половните автомобили од Италија и САД.
Кога е во прашање класата, вредноста најмногу паѓа кај луксузните автомобили како Ауди А8 или БМВ серија7, кои губат дури 61% од вредноста во првите пет години.
Најдобра цена држат, логично, најбараните автомобили, малите градски возила, потоа следуваат компактните и средната класа.
Одлична цена држат и СУВ возилата, што е очекувано со оглед на популарноста во последните години.
Секако, постојат огромни отстапки и во рамки на иста класа, па така многу повеќе се цени половен Порше Макан, кој за пет години губи 46% од вредноста, во однос на, колку за пример Волксваген Туарег 52% или Алфа Ромео Стелвио 57%.
Што се однесува до видот на погон, вредноста најбрзо паѓа кај електричните автомобили. Тие пет години од купувањето губат 53% од нивната вредност.