Машина за миење садови е одличен изум, но не значи дека во неа можете буквално да ги ставите сите садови.
Рачно би требало да ги перете острите ножеви затоа што остриците може да станат тапи во машината. Истото важи за дрвените даски и лажици зошто жешката вода го оштетува дрвото.
Со пластиката исто така треба внимателно да се постапува, дури и кога произведувачот нагласува дека миењето во машина е безбедно, задолжително ставајте ја на горната полица. Акрилни чинии не се машина затоа што жешката вода со текот на време ќе ги измие боите, а рачно мијте ги и алуминиумските тави, кристалните чаши, рачно насликана керамика. Бронза и златото не ја поднесуваат машината за разлика од среброто.
Садови за мерење на кои се испишани броеви најдобро е да ги миете рачно затоа што со време ознаките ќе се избришат. Во машина не ставајте садови кои сте ги лепеле затоа што лепилото може да ослаби, но ниту експрес лонец затоа што малите парчиња храна и детергент може да се задржат на регулаторот на температурата.
Внимателно со тавите со нелеплив премаз затоа што со време може да го уништи, па добро погледнете ги советите на произведувачите. И генерално правило кога купувате садови е да побарате симбол на налепница кој вели дека е дозволено миење во машината.