Потпишана спогодба за безвизен режим со Украина
Министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорката на Украина, Наталија Задорожњук, во петокот потпишаа спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји, со која се очекува да се даде особен придонес за натамошното интензивирање на севкупната соработка, особен она економски план, преку олеснување на деловните врски и контакти помеѓу двете земји, како и за развој на туризмот.
Со спогодбата, се уредуваат правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу двете земји (без никакви документи како услов за влез) и им овозможува на државјаните на двете земји, носители на биометриски патни исправи, влез, транзит и краткорочен престој од 90 до 180 дена без виза.
Според последното истражување на Henley Passport Index, со македонски пасош без виза може да се патува во 123 земји.