Во листата на Форбс од 400 милијареди – шеесет и тројца немаат факултетска диплома, а повеќе од нив сами го создале своето богатство.
Факултетската диплома не е воопшто пресудна за тоа дали некој ќе успее или не. Да ги земеме за пример Бил Гејтс и Марк Закерберг кои се отпишале од Харвард или пак Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс кои, исто така, немаат дипломи.
Милијардерите кои се откажале од факултет очигледно знаат што прават. Тие во просек имаат околу 9.4 милијарди долари, за разлика од милијардерите со докторат чие богатство се проценува на 3.2 милијарди долари, пишува Investitor.me.
Така на пример, доколку ја погледнете Форбсовата листа на 400 најбогати луѓе на светот, ќе видите дека бројот на луѓе без факултет е поголем од бројот на луѓе со докторат – 63 наспрема 21.
Во САД само 2.5 милиони жители имаат докторат, а десетици милиони луѓе се откажале од факултетот.
Статистиката вели дека докторатот ги зголемува шансите да станете милијардер. Освен тоа, поголемиот дел од луѓето кои не завршиле факултет заработуваат пониски плати и имаат пониско ниво на квалитет на животот.
Значи, не се работи само за тоа да се откажете од факултетот, туку и какви се вашите амбиции. Луѓето кои успеаја да станат милијардери без диплома се посебни затоа што поседуваат нешто што ги мотивира да станат успешни и богати.
Милијардерите без факултет може да се класифицираат во две групи.
Во првата група спаѓаат луѓе кои се откажале од факултет поради тоа што добиле идеја за одреден производ или бизнис кој сакаат да го следат бидејќи веруваат дека ќе успеат.
Тоа се луѓе кои јасно знаеле што сакаат и не сакале да чекаат да добијат диплома за да го направат тоа. Станува збор за иновативни луѓе кои точно знаат што ќе прават со себе кога ќе завршат со факултетот – Марк Закерберг и Бил Гејтс припаѓаат на оваа категорија.
Втората група се разликува од првата по тоа што не го напуштила факултетот за веднаш да основа свој бизнис. Нивната патека е слична со луѓето од првата група, но сепак се разликува. Тие работеле добро и напредувале кон врвот за по неколку години напорна работа да одлучат дека е време да го преземат ризикот и да основаат своја компанија.
Она што е заедничко за двете групи е тоа што луѓето кои припаѓаат таму имаат јасна визија за иднината, знаат што сакаат да направат и во кој правец треба да се движат, имаат силни работни навики, подготвени се да започнат уште сега, подготвени се да ризикуваат, иновативни се, имаат ниска толеранција на статус кво и способни се да донесуваат вистински одлуки.