Колку често се случува да сакате да “избегате“ од канцеларија и да направите пауза или да работите во некое кафуле? И додека мал дел од работодавците ќе ви го дозволат тоа, еве како кратката пауза или работа надвор од канцеларија влијае на вашата продуктивност.
Фактот дека не сте опкружени со колеги кои можат да ви пречат, нема шефови или директори, ништо освен вашиот лаптоп и кафето ви помага да работите подобро.
Веќе долго време се смета дека излегувањето надвор од канцеларија е добро за вашата продуктивност. И додека голем број компании ја имаат прифатено флексибилноста како дел од својата корпоративна култура, одреден број на менаџери се‘ уште имаат проблем со тоа да им дозволат на вработените своето кафе да го испијат надвор од канцеларија.
Едно истражување на невропсихологот Оно ван дер Гроен од Универзитетот “Едит Кауан“ покажа дека самото опкружување на кафулето е полно со елементи кои ја стимулираат вашата продуктивност (нешто што научниците го нарекоа “стохастичка резонанца“).
Сите овие елементи директно влијаат на зголемување на продуктивноста. Интересно е тоа што стохастичката резонанца покажува дека одредено ниво на бучава во позадина е подобро отколку да се работи во тишина.
Значи, станува збор за пронаоѓање на вистинското ниво на бучава што не е премногу гласно, но и не е премногу тивко.
Како да го извлечете најдоброто од стохастичката резонанца
Кога зборуваме за музика во позадина, науката покажува дека тој звук ја зголемува продуктивноста, а истиот не само што треба да биде на одредено ниво, туку и мора да биде познат (за да не ве дистрактира во обид да дознаете што е тоа).
И, се разбира, треба да биде музика без стихови. На тој начин звукот во позадина и чувството на дисциплија ја прават вашата продуктивност максимална. Токму затоа понекогаш треба да излезете од вашата канцеларија, да се упатите кон најблиското кафуле и да дадете се од себе.