Јапонската корпорација Nissan објави денеска за драматичниот пад на оперативната добивка и најави отпуштања на 12.500 вработени ширум светот.
Nissan објави дека до 2022 година ќе бидат намалени 12.500 работни места на глобално ниво и ќе го намалат производството за да ги запрат расходите кои трпат поради забавување на продажбата, и обид да се опорави од скандалот околу променетиот претседател на компанијата Карлос Госн, објави Reuters.
Вториот по големина производител на автомобили во Јапонија забележа пад на оперативниот профит од 98,5 проценти во првиот квартал, на 1,6 милијарди јени (14,8 милиони долари).
Таков резултат е во голема мера последица на тешкотијата со која се соочува компанијата во Северна Америка, нејзиниот клучен пазар, на кој има зголемени трошоци поради попусти на цените на возилата за да се задржи чекорот со ривалите кои постигнуваат подобри резултати од продажбата.