Меѓу најлошите професии за човековото здравје се најдоа работниците во големите трговски ланци, но исто така и градежните работници и вработените во фабрика.
Над една четвртина од вработените во трговијата сметаат дека нивната работа има негативно влијание врз здравјето, според студијата на харвардската школа за јавно здравје. Истражувањето, предводено од страна на Роберт Блендон, беше направено на 1.600 американски работници, а прашањата во анкетата беа фокусирани на самата работа, здравјето, стресот и нивната поврзаност.
43 проценти од вработените кажале дека нивната работа придонесува за поголем стрес. Помал процент од испитаниците изјавиле дека работата негативно влијае на навики за исхрана (28%), сонот (27%) и тежината (22%).
Постојат разлики помеѓу професиите
Истражувањето покажа дека овие ефекти се различни во зависност од професијата. Така, на пример, дури 26% од вработените во големите трговски ланци велат дека работата негативно влијае врз нивното здравје.
Физичката работа како што е таа на градежните работници, има лошо влијание врз здравјето кај 23% од испитаниците, додека само 21% од испитаниците во фабриките сметаат дека нивната работа го нарушува здравјето.
Интересно е тоа што и здравствените работници (19%) сметаат дека работата негативно влијае врз нивното здравје.
На петто место, повторно се наоѓаат вработените во трговија.