Не постои точна големина или идеален образец за тоа како треба да изгледа една кратка биографија меѓутоа постојат одредени работи што треба да ги изоставите од таму.
Како основач и извршен директор на водечка компанија за регрутација на повисоки профили, Вилијам Вандерблумен имал шанса да погледне илјадници кратки биографии, тргнувајќи од наједноставните и најорганизираните па се до најдеталните и најхаотичните.
Според него, не постои точен или соодветен шаблон за тоа како треба да изгледа идеалната кратка биографија. Но она што го знаеме е дека секој работодавач сака да погледне јасна и организирана кратка биографија во која е наведено се што сте направиле досега и како тоа ќе ви користи на новата работна позиција за која се пријавувате.
Сепак, постојат неколку работи кои Вилијам Вандерблумен ви препорачува да ги отстраните од вашата професионална биографија:
Непотребен дизајн
Повеќе не значи подобро; повеќе е само повеќе. Запомнете дека едноставноста секогаш победува. Не обидувајте се да бидете “гласното“ CV што се истакнува во толпата. Секако, освен ако не сте графички дизајнер па сакате да ги истакнете вашите вештини и во вашата кратка биографија. Во спротивно, гледајте да ја задржите вашата кратка биографија јасна, добро организирана и едноставна.
Објективна цел
Вклучувањето на изјава за вашата цел е надвор од мода. Не сум заинтересиран за тоа што сакаш, туку сакам да знам што си направил досега. Најдобар индикатор за перформансот во иднина е преформансот во минатото.
Несоодветна фотографија
Старата мудрост вели дека кратката биографија не треба да содржи фотографија меѓутоа во денешно време на Facebook и LinkedIn постои нова мудрост според која вашата фотографија може да биде убав додаток на вашата кратка биографија. Сепак, не секоја фотографија треба да се најде во вашето CV. За да оставите добар професионален впечаток, изберете фотографија која е едноставна, висококвалитетна, актуелна и во согласност со вашето поле на работа.
Нефункционални линкови
Премногу често, нашиот тим добива кратки биографии кои содржат линкови што не функционираат. Линковите се корисни само додека работат и доколку тоа што сакате да го покажете е релевантно за вашиот потенцијален работодавач. На пример, доколку сте графички дизајнер може да вклучите линк кој ќе води до вашето онлајн портфолио. Исто така, задолжително ставете линкови од вашите профили на Facebook и LinkedIn бидејќи работодавачите во секој случај ќе сакаат да ја погледнат вашата активност на социјалните мрежи.