Граѓанската организација „Зелената арка" во август ќе почне со изведба на општествена (заедничка) градина на површина од околу 3.000 квадратни метри во паркот Лисиче, крај брегот на реката Вардар во Општина Аеродром.
Станува збор за прва градина од ваков тип во Скопје. Големината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење нема да се плаќа надоместок.
Сите заинтересирани граѓани од главниот град што имаат желба за здружено градинарство, може да ја пополнат пријавата за учество во општествената градина преку овој линк.
Заедничката градина се изведува во рамките на проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје" со средства обезбедени од Град Скопје и со локална логистичка поддршка од Општина Аеродром.