Од екс југослвенските републики, Македонија има најниски, а Словенија највисоки просечни плати.
Највисоката просечна плата во регионот за мај оваа година е исплатена во Словенија и таа изнесува 1.113,88 евра.
Зад неа е Хрватска каде просечната плата изнесува 886 евра, во Црна Гора за јуни била исплатена плата од 516 евра, Босна и Херцеговина има просечна плата од 472 евра, а во Србија во просек се заработуваат по 470 евра.
Македонија се најде последна на листата со просечна плата од 413, 67 евра.
Состојбата е ваква со месеци и години.