Согласно Законот за работни односи имате право на платен годишен одмор од најмалку 20 и најмногу 26 работни дена. Според Законот годишниот одмор може да се користи во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена и да се искористи до крајот на тековната година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни идната година. Во годишен одмор не се пресметуваат: празниците, саботите и неделите, отсуствата поради боледување и другите случаи на оправдано отсуство од работа.
Вака вели теоријата и Законот за работни односи, а колку тој се почитува и применува во пракса се обидовме да дознаеме од нашата анкета: Дали вашиот работодавач целосно го почитува вашето право за користење годишен одмор?
Еве ги резултатите:
36% од испитаниците одговориле дека нивниот работодавач целосно го почитува ЗРО кога станува збор за годишните одмори.
Останатите 64% се соочуваат со проблем и не им е овозможено во целост користење на правото кое им е загарантирано со Закон:
41% одговориле дека законски им следуваат повеќе денови од што работодавачот им дозволува, односно дека добиваат ограничен број денови за одмор, многу помал од Законски пропишаниот, немаат право да го изберат датумот, на одмор се оди кога нема работа и кога работодавачот ќе одлучи, викендите и празниците се вброени во слободните денови.. Има и такви кои во коментар на анкетата се пожалиле дека деновите од годишниот одмор им се одбиваат од платата.
Работодавачите на 19% од испитаниците не се флексибилни при изборот на датумот на одморот.
Останатите (4%) во своите коментари образложуваат дека воопшто немаат одмор, некои велат дека добиле отказ откако го побарале ова свое право, дека работодавачите тоа не го дозволуваат поради недостаток од вработени..
Имавме и коментари од типот: „Работодавачот постојано ме контактира за време на годишниот одмор и за време на одмор од дома извршувам работни задачи.“
Одговорете на нашата најнова анкета Како најчесто се информирате за компаниите пред да одлучите да аплицирате за работа - ОДГОВОРЕТЕ ТУКА