Пред неколку денови, најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, стана уште побогат за една вртоглава сума
За три дена, тој успеа да продаде еден милион акции на Амазон, компанијата која ја основаше пред 25 години, во вредност од 1.8 милијарди американски долари.
По данокот, на Безос ќе му останат околу 1.4 милијарди долари. Ова е најголема продажба на акции за краток период што Безос досега ја има направено.
Според американскиот магазин Форбс, Амазон продаде 965.312 акции по цена од 1.900 долари за акција. Поради тоа, Безос поседува за 1.6 проценти помалку акции од претходно.
Во моментов, тој располага со 58.1 милиони акциии и неговото богатство се проценува на 116 милијарди долари.
Инаку, пред две години, Безос рече дека на годишно ниво ќе продава акции во вредност од 1 милијарда долари со цел да ја финансира неговата компанија за вселенско истражување – Blue Origin.
Споредено со останатите најбогати луѓе во светот, Безос досега има направено многу малку во полето на филантропијата. Во септември 2018 година, тој го најави фондот Bezos Day One со влог од 2 милијарди долари за да се постигнат две цели: помагање на бездомините семејства да најдат засолниште и создавање на предучилишта по примерот на Монтесори.
Не е јасно дали Безос се уште стои на своето ветување.