Да се каже „не“ не е секогаш лесно и за многумина тоа може да биде голем извор на стрес. За да го избегнете тоа, доволно е да совладате неколку чекори кои ќе ви помогнат во тоа.
Еве како, кога и зошто да кажете „не“:
1. Одвојте време за размислување:
Доколку имате можност немојте веднаш да се согласите, ниту да го одбиете барањето. Разгледајте го одреденото барање и видете како се вклопува во распоредот или долгорочните планови. Некои работи не треба да ги одбиете затоа што во иднина би можеле да ви се исплатат.
2. Понудете алтернатива
Доколку од некоја причина не сакате или не можете да прифатите дополнителна работа, понудете алтернатива и така покажете дека ви значи, но за жал не можете да помогнете. Прашајте дали можете да придонесете на некој друг начин или задачата да ја одложите за периодот кога имате повеќе време.
3. Кажете „НЕ“ лично, избегнувајте го мејлот
Кажаното „НЕ“ драстично поинаку звучи кога и го кажувате на личноста во лице и кога тоа ќе го напишете. Во пишаната форма често може погрешно да се протолкува и да звучи грубо и арогантно, што во комуникацијата лице во лице секако би го избегнале.
4. Избегнувајте детали
Објаснувањата и причините за одбивањето на задачата нека бидат едноставни. Нема потреба широко да го објаснувате вашиот распоред бидејќи тогаш ги доведувате во опасност другите проекти кои надредените можат да ги прогласат за помалку важни.
5. Размислете за последиците
Размислете за позитивните и негативите последици од некое одбивање, односно прифаќање на задачата. Дали прифаќањето може да ве позиционира на подобра позиција, како што одбивањето може да ве врати неколку скалила назад.