Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3A Пилот обуки за побарувани занимања во струмичкиот регион, финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, на ден 07.08.2019 година, се објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
до евидентирани невработени лица
Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања во струмичкиот регион, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 30.08.2019 година.
Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки и се однесуваат на следните занимања:
-Угостител-послужувач,со завршено најмалку основно образование
-Шминкер, со завршено најмалку основно образование
-Педикир маникир, со завршено најмалку основно образование
-Ракувач со багер, утоварни машини и булдожер, со завршено најмалку основно образование
-Службеник во книговодство, со завршено најмалку средно образование
-Негувател на деца со пречки во развој, со завршено најмалку средно образование
-Негувател на деца,со завршено најмалку средно образование
Обуката ќе се реализира во период од 2 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец, доколку како спроведувач на обуката се стопански комори, занаетчиски комори и средни стручни училишта. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавач).
Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалан болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.
Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука.
На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.
Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати и спроведувачи на обука.
Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија www.mtsp.gov.mk