Компанијата Apple понуди рекордни милион долари награда на експерти за компјутерска безбедност ако успеат да најдат начин за хакирање на iPhone.
На годишната конференција за компјутерска безбедност во Лас Вегас, Apple ги повикаа експертите од целиот свет да побараат безбедносни ”дупки“ во паметниот телефон.
Но, наградата од милион долари ќе биде платена само ако успеат да хакираат iPhone од далечина, без директен контакт со телефонот.
Компанијата досега нудеше 200 000 долари награда за ова.