Регрутерите на Vrabotuvanje HR Solutions, заедно со претставници од агенцијата ManpowerGroup и фабриката Foxconn, во хотелот Гранд Плаза во Скопје успешно го завршија процесот на финална селекција на кандидати за работа во фабриката за производство на електроника и составни делови за компјутери во Република Чешка.
Настанот беше отворен со две презентации, едната за соработката помеѓу Vrabotuvanje HR Solutions и ManpowerGroup, а другата за запознавање на присутните кандидати со тоа кои се Foxconn, со што се занимаваат и што им нудат на вработените.
Веднаш потоа започна фазата на тестирање во која околу четириесетина кандидати од цела Македонија беа тестирани за нивниоте основни познавања од математиката, логиката и мануелни способности, по што следуваше и интервју за работа.
По спроведеното интервју, кандидатите кои успешно ги положија тестовите добија официјална понуда и договор за вработување во Foxconn. Целата процедура за обезбедување на документација и добивање на работна виза ќе биде со целосна поддршка од Vrabotuvanje HR Solutions.
За крај, Vrabotuvanje HR Solutions и ManpowerGroup склучија нов договор за соработка, а претставниците од ManpowerGroup најавија уште еден ваков настан на почетокот на септември за кој ќе биде објавен оглас во следните денови.