Многу работобаратели повозрасни од 50 години изјавиле дека биле дискриминирани на интервјуата за работа само поради нивната возраст и се прашуваат што може да направат за полесно да се справат со таквите предрасуди во општеството.
Exertus Jobs нуди 9 совети кои би ви помогнале ако сте во потрага по работа, а сте во вашите 50ти години:
1) Не мора да го наведувате вашиот датум на раѓање кога аплицирате за оглас, ниту во вашето CV.
2) Работодавачот не смее да ви постави прашање за вашата возраст на интервју за работа, ниту во било која фаза од селекцискиот процес.
3) Ако некое време сте биле без работа или сте имале вакви периоди во текот на вашата кариера, внесете го тоа во вашето CV. Не лажете или испуштајте информации – Таа тема секако ќе се појави во интервјуто за работа, олеснете си и споменете ја пред самото интервју. Наместо да кажете дека сте биле „невработени“, обидете се да ги наведете работите што сте ги правеле за време на тој период, особено ако тоа било дополнителна едукација или сте решиле да се посветите на вашето семејство.
4) Искористете ги вашите контакти. Истражете ги придобивките на социјалните мрежи каде што можете да се поврзете со вашите поранешни или потенцијални работодавци, како и со експерти од вашето поле на интерес.
5) Отворање на профил на LinkedIn е добар начин да кажете нешто за себе, да ја истакнете вашата стручност, област на интерес и да стапите во контакт со потенцијалните работодавачи.
6) Постојат бројни групи на социјалните мрежи на кои можете да им се придружите и да учествувате во дискусиите и на тој начин да се претставите пред деловната заедница. Во такви групи, работодавците често знаат да бараат нови вработени.
7) Дали сте размислувале да пишувате блог? Со оглед на годините, сигурно имате богато работно искуство и да можете да зборувате за проблемите со кои се соочува секторот во кој сте работеле.
8) Внимавајте на вашиот онлајн имиџ, дури и кога станува збор за приватен профил на социјалните мрежи. Внесете го вашето име на Google и видете какви информации потенцијалниот работодавец може да најде за вас на Интернет.
9) Кога се промовирате, имајте на ум дека вашите вештини, експертиза и вашите достигнувања во кариерата мора да дојдат до израз.