Народната банка ги известува сите правни лица кои ги одржуваат машините за обработка на пари и автоматите за наплата со готовина на територијата на Република Македонија дека по 15 мај 2018 година ќе почне периодот во кој ќе можат да ги приспособат софтверите за да ги препознаваат карактеристиките и заштитните елементи на полимерните пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари.
Од НБРМ наведуваат дека доколку правните лица не се во можност од деловните банки да обезбедат соодветни примероци од полимерните пари за потребните софтверски приспособувања, можат да се обратат до Дирекцијата за трезорско работење на НБРМ каде што ќе им бидат обезбедени потребните количини од полимерните пари.
Потсетуваме дека и во периодот на надградбата на автоматите за наплата со готовина, односно нивното софтверско приспособување, граѓаните ќе може непречено да остваруваат плаќања преку овие автомати со кованите пари во апоенска вредност од 10 и 50 денари, кои и по 15 мај остануваат во оптек и се законско средство за плаќање во Република Македонија.