На брачна двојка од Франција , кои земале 40 килограми песок од плажа на островот сардинија , им се закануваат 6 години затвор.
Французите , кои во автомобилот имале 40 килограми песок , изјавиле дека не биле свесни дека го кршат законот. Познатиот бел песок од Сардинија, инаку, се смета за национално богатство и е забрането негово изнесување од Италија. Со години, локалното население реагирало за крадците кои крадат природни богатства, вклучувајќи и песок, по што е донесен закон со кој се забранува крадење песок, чакал и школки од островот. Туристите, од кои повеќето се Европејци, вклучително и Италијанци, го ставаат песокот во шишиња, а потоа го продаваат на аукции преку Интернет. Според законот донесен во 2017 година, трговијата со песок, чакал и школки е нелегален и се казнува до 3.000 евра.
Двојката сега се соочува со затворска казна од една до шест години за кражба под особени околности затоа што станува збор за голема кражба на имот што е јавно добро.
Французите го спакувале песокот во 14 пластични шишиња, а го украле од плажата Чиа, лоцирана во јужна Сардинија. Полицијата го пронашла во нивниот автомобил кога чекале да се качат на траект кон Тулон на пристаништето Торес.
Властите се загрижени дека годишно недостасуваат неколку тони вреден песок од островот.
"Песочните плажи се една од главните атракции во Сардинија. И на нив им се заканува два феномени: ерозија, која е делумно природна и е предизвикана од зголемувањето на нивото на морето како резултат на климатските промени, а другата е кражба на песок од туристите", изјави Пјерлуиџи Коко, локален жител од Каљари и научник за животна средина.