Македонија станува 77-ма земја во која глобалната компанија Teleperformance отвора свое претставништво. Станува збор за ултра модерен кол центар во срцето на Скопје кој се стреми да биде работодавач број еден за познавачите на германскиот јазик. Се очекува да бидат отворени 300 работни места, а веќе се објавени првите огласи за вработување на кои може да аплицирате!
Teleperformance е глобална компанија која има за цел да изгради мост помеѓу најпрепознатливите брендови на планетата и нивните клиенти. Со над 300 илјади вработени ширум светот и активности на 160 развиени пазари, Teleperformance е првиот избор на секоја компанија чијшто бизнис се темели на дигиталниот свет.
Одлуката за отворање на канцеларии во Македонија доаѓа по успехот во Косово каде што за само 24 месеци компанијата успеа да вработи 600 луѓе. Во претставништвото во Скопје се очекува да бидат отворени 300 работни места.
Зошто Teleperformance е вистинската компанија за тебе?
Teleperformance е место каде што им се верува на луѓето, преовладува тимската работа и на крајот, секако, се што се прави се прави за луѓето. Ако сакате да работите во компанија каде што ќе бидете инспирирани да учите, подучувате и растете, погледнете ги другите бенефиции кои Teleperformance им ги нуди на своите вработени:
- Атрактивна фиксна плата и бонуси за продуктивност;
- Германски услови за работа во ултра модерни канцеларии во центарот на Скопје;
- Сигурно работно место во компанија број 1 во индустријата;
- Професионална обука и исплата од прв ден;
- Пријатна работна атмосфера; и
- Работа под германски раководители и можност за станете еден од нив.
Teleperformance регрутира кандидати кои течно зборуваат германски или швајцарски германски (минимум Б2 ниво) на следните позиции:
Call Agent Mitarbeiter– Inbound