Претседателот на Јужна Африка, Кирил Рамафоса, стави потпис на новата законска рамка за национални квалификации и со тоа стапи на сила новиот закон според кој на работобарателите им се заканува затворска казна до пет години за употреба на невистинити информации во своето CV.
Новиот закон не се однесува само на аплицирање на огласи за работа, туку и на профилите на социјалните мрежи. Така, лажењето за професионалните квалификации на Facebook, LinkedIn и Twitter може да резултира со затворска казна.
Законот, исто така, ги тангира и работодавците и образовните институции. Пред да назначат или регистрираат некоја индивидуа, тие мора да проверат дали нејзините квалификации ги има во националната база за евиденција.
Ако квалификациите не се регистрирани, тие мора да се обратат до Управата за квалификации на Јужна Африка (SAQA) за верификација.
Доколку се утврди дека кандидатот е квалификуван, а неговите квалификации не се во регистарот, тој може да го оспори наодот.
Но, доколку се утврди дека тој погрешно ги претставува своите квалификации или пак се покаже дека образовната институција издала сертификат за вештини кои лажно тврди дека се регистрирани и акредитирани или воопшто не се регистрирани, законот превидува парична глоба и затворска казна до пет години.