Многу луѓе во автомобилите секогаш имаат шише со вода во случај да ожеднат додека возат, мислејќи дека тоа е добар потег. Но, на еден маж токму тоа му предизвика пожар во возилото кое го паркирал на сонце, пишува Men’s Health.
Диони Амучастегуи оставил шише со вода во автомобилот, а на пауза за ручек од работа сфатил дека тоа било голема грешка.
“Погледнав кон автомобилот и видов дека светлото се рефлектирало низ шишето на седиштето кое започна да гори”, рекол тој.
Утврдено е дека оставеното пластично шише на сонце достигнало температура од дури 250 степени, што резултирало со пожар.
Своето искуство го сподели објавувајќи ВИДЕО на официјалната Фејсбук страница на компанијата за која работи, за да ги освести возачите да не ја повторуваат неговата грешка и да бидат внимателни за вакви работи.