Истражувањата и трендовите на пазарот на труд покажуваат дека квалитетните вработени на секои 3 до 5 години размислуваат за промена на компанијата во која работат или во најмала рака за промена на позицијата.
Никој во 21 век повеќе не сака да „дочека пензија“ на иста позиција, во иста компанија, како што тоа било случај со нашите родители.
Паролата „Не се жали, добро е, барем имаш работа“ повеќе не важи. Се повеќе луѓе се образовани, спремни за предизвици, во потрага по работа и опкружување во кое ќе бидат ценети според своите знаења и способности. За среќа, се повеќе луѓе сакаат да допринесат, да напредуваат, да имаат цел и да работат на истата.
Дефинитивно, состојбата на пазарот е променета. Вработувањето е проактивно, не реактивно. Се води борба за квалитетен кадар, да се најде, но и да се задржи. Но, бираат и кандидатите, не само компаниите. Луѓето не работат (само) за плата, важна им е и сатисфакцијата која произлегува од професионалниот развој и од останатите нефинансиски бенефиции.
Поради горенаведените причини, при следната потрага по нови кандидати за во вашиот тим, пред да го креирате огласот или пред да го побарате потенцијалниот кандидат, поставете си го прашањето – ЗОШТО? Зошто некој кој е задоволен со својата работа, адекватно е платен за истата, има професионални предизвици и е задоволен со опкружувањето, би ја напуштил таа средина и би дошол во вашата компанија?
И кандидатите имаат потреба од одговори на овие прашања...
Што точно значи да се биде посакуван работодавач?
За која компанија сте слушнале или прочитале многу позитивни работи? Веројатно ви паѓа на памет барем една.
Во која компанија би сакале да работите? Веројатно ви паѓа на памет барем една.
Одговорот на овие две прашања е одговорот на тоа што значи да се биде посакуван работодавач. Ако повеќето луѓе ја наведат вашата компанија кога некој ќе им ги постави овие прашања, тогаш вашиот бренд има добра репутација. Но, ако не...
Првата работа на која треба да посветите внимание е интерниот бренд на вашата компанија. Колку се задоволни вашите вработени, колку се ангажирани, исполнети и колку зборуваат за тоа на своите познаници, пријатели, роднини. И ова се работи на кои не можеме да влијаеме. Или можеме?
На кратко за тоа „Како да станете посакуван работодавач“?
Во теоријата формулата е многу едноставна.
- Висока ангажираност на вработените = високо ниво на ретенција.
- Високо ниво на ретенција = профит.
- Профит = задоволен менаџмент.
- Задоволен менаџмент = менаџмент отворен за соработка.
- Менаџмент отворен за соработка = менаџмент кој се грижи.
И тука сме. Ова е совршен почеток и ветер во грб за вас. Сега треба само да почнете.
Почнете одвнатре. Испитајте го задоволството на вработените. Испитајте ја нивната ангажираност. Не плашете се од негативни повратни информации. Овие информации се злато вредни и се добра основа за понатамошна работа на вашиот бренд како работодавач. Соочете се со проблемите и решете ги во склад со вашата култура.
Еден од најлесните начини за лесно откривање на позитивни повратни информации е да го прашате вашиот најнов вработен зошто тој се вработил токму кај вас.
Веројатно најдобриот начин е да спроведете континуирано истражување за задоволството на вашите вработени.
Искористете ги позитивните повратни информации и комуницирајте ги надвор од вашата компанија. Откако ќе бидете свесни за работите со кои вработените не се задоволни, ќе знаете во кој правец да се движите и како да се справите со нив. Не ги маскирајте работите. Во тој случај ќе се случи најлошото со вработените: тие ќе се откажат и ќе си заминат. Или уште полошо: ќе се откажат и ќе останат.
Не чекајте и започнете со Employer Branding. Свесни сме дека тоа е долга, но убава борба, но не сте сами. За тоа е тука нашиот Employer Branding тим. Контактирајте не!