Прашањето е што вие како вработен му нудите на вашиот работодавач. Вистинската вредност лежи во она што можете да го направите за вашиот работодавач или она што можете да го понудите за подобрување на неговиот бизнис. Но, не заборавајте дека ставот е пресуден.
Иако на прв поглед звучи едноставно, оние што регрутираат луѓе велад дека понекогаш е вистинска уметност да знаете да ја понудите вистинската плата и за возврат да добиете квалитетен вработен кој ќе му помогне на вашиот бизнис. Знаењето и искуството се неспорни, меѓутоа понекогаш тие немаат преголемо влијание за тоа дали ќе му се допаднете на вашиот работодавач. Имајте на ум дека работодавците сакаат да најдат кандидат кој ќе се покажи како “best buy“ т.е личност која ќе им обезбеди најдобар однос на квалитет (вашите способности) и инвестиција (вашата плата).
Па, кои три прашања си ги поставува секој работодавач пред да ви понуди работа?
1. Што нудите?
Прашањето е што вие, како вработен, му нудите на вашиот работодавач. Вистинската вредност лежи во она што можете да го направите за вашиот работодавачи или она што можете да го понудите за подобрување на неговиот бизнис. Во тој случај, работното искуство и степенот на образование не мора да играат клучна улога во изборот на вработените. Ставот и јасната слика за тоа што можете да му понудите на вашиот работодавач можат да бидат пресудни.
2. Што можете да направите за да го унапредите бизнисот?
Важно е да се биде позитивен. Треба да покажете извесен ентузијазам за работата бидејќи во спротивно, работодавачот нема причина да ве вработи. Она што му е важно на секој работодавач е каква личност сте и како ќе се вклопите со другите? Секогаш трудете се да се претставите во најдоброто светло. Запомнете дека лошото расположение е само одраз на вашата моментална состојба и тоа нема да ве одведе никаде.
3. Кој е вистинскиот мотив за да се вработите во компанијата?
Најважно е да го убедите работодавачот дека сте заинтересирани за работата. Кога имате можност да поставите прашање, нека бидат за работната позиција. Платата не треба да биде првото нешто што ќе го прашате бидејќи и онака ќе дојде време за тоа. Работодавците сакаат да ги прашаат кандидатите колкав износ очекуваат, но тука кандидатите честопати погрешно одговараат. Прашањето за плата е деликатно затоа што никогаш не знаете која сума е превисока и која е нереално ниска. Никогаш не носете избрзани одлуки без да размислите.