Честитки до првата генерација на студенти на Data Science Академијата!
Data Masters, првиот едукативен центар за Data Science во Македонија, во среда, на 02.10.2019 година го означи почетокот на својот најголем проект, Академијата за Data Science. За таа цел, тимот на Data Masters, заедно со своите партнери, досегашни слушатели на обуките, како и сите учесници на Data Science академијата го реализираше својот прв голем нетворкинг настан.
Пред гостите говореа Филип Петровски – основач на Data Masters, Мартина Наумовска - Data Scientist и главен предавач на Академијата, како и предавачите Симон Милошевски и Благој Атанасовски.
Дел од тимот на Vrabotuvanje HR Solutions како партнер и поддржувач на Data Masters Академијата одржа кратка презентација во која се зборуваше за компетенциите во ерата на дигиталната трансформација, давајќи осврт за тоа како дигиталната трансформација влијае врз промената на работната сила. Се дискутираше за компетенциите кои е потребно да ги поседува и негува еден професионалец од сферата на Data Science.
Vrabotuvanje HR Solutions им нуди поддршка на сите кандидати на Академијата преку програмите за професионален и личен развој, како и кариерно советување.
Настанот го водеше актерот Гораст Цветковски, кој исто така е дел од тимот на Дата Мастерс.
Честитки до првата генерација на студенти на Data Science Академијата!