Се зголемува минималната плата
Минималната плата се зголемува на 14.500 денари. Владата истакна дека преговорите со бизнисот и синдикатите се успешни и дека работниците пријавени на минималец ќе земаат плата повисока за 2000 денари од сега.
Сојузот на синдикатите на Македонија ја поздрави ваквата одлука , но велат дека сите работници и сектори треба да имаат сразмерно покачување на платите.
Вицепремиерот, Кочо Анѓушев пак истакна дека растот на платите е предизвикан од реалната економија во земјата и дека нивото на минималната плата е приближно на нивото во другите земји во регионот.
Во моменот минималната плата изнесува 12.507 денари.