Над 5 илјади работобаратели уште првиот ден го посетија најголемиот виртуелен саем за работни места во Македонија организиран од страна на Vrabotuvanje.com
Со клик на веб страната www.denovizavrabotuvanje.mk започнете ја вашата виртуелна потрага по подобра работа или прво работно искуство.
На виртуелниот саем со свој штанд и отворени работни позиции ве очекуваат А1 Македонија и Македонски Телеком АД Скопје кои се лидери во областа на телекомуникациите, а доколку влезете во виртуелната просторија Финансии, ќе дознаете за можностите за вработување во Кроациа Осигурување Живот и НЛБ Банка.
На саемот учествува и Teleperformance како најголем кол-центар во светот кој се стреми да биде работодавач број еден во Македонија за сите што зборуваат германски јазик.
Тука се и странските фабрики како Ван Хоол, Кромберг и Шуберт, Кесслер и Маркарт кои бараат вработени и се отворени за комуникација со заинтересираните работобаратели.
Доколку барате работа во ИТ индустријата, посетете го штандот на Asseco SEE и аплицирајте на отворените позиции во претставништвото во Скопје.
Ако сонувате за кариера во дистрибутерската и логистичката индустрија погледнете ги огласите за вработување во Нелт СТ и Лакталис на нивните штандови.
На виртуелниот саем учествува и француската компанија Apave која во моментов вработува голем број кандидати во канцелариите во Скопје.
За сите што бараат работа во областа на хотелиерството, топло ја препорачуваме компанијата Parkland Hospitality Group како место каде целосно ќе го реализирате потенцијалот на својот талент.
Посетете го виртуелниот саем и денес на www.denovizavrabotuvanje.mk