Секоја сигнализација на некоја од сијаличките на контролната табла значи некакво предупредување и затоа мора да се внимава особено на секое светнувaњe.
Некогаш дури и во услови на редовен сервис на автомобилот, сопственикот може да се најде во ситуација само после 500 километри од излагањето од сервис, сијаличката за ниско ниво на масло да засвети.
Некои од возачите веднаш одат да купат масло и долеваат, а други одат кон сервисот. Има и трети кои продолжуваат да возат. Во целата ситуација многу е важно кое решение е најправилно?
Жолто или црвено
При намалување на нивото на масло, на контролната табла може да засвети сијаличката во жолто или во црвено. Малкумина знаат што точно значи секоја од нив. Жолтата информира за намалување на нивото на 1 литар, а црвената за паѓање под критичното ниво. Сензорите на двете сигнализации работат одделно еден од друг.
Обично моторите на бензин имаат потреба од помалку масло од дизел возилата и ако сопственикот на автомобилот го вози полека, без нагли забрзувања и големи товари, жолтото светло може да не светне дури и после 10.000 поминати километри.
Жолт сигнал
Ако на сензорите се активира жолтото светло, тоa не е критично за моторот. Деловите на триење на моторот се доволно заштитени, но не e излишно по можност да се долее масло. Откако нивото ќе се намали под критичното, сијаличката ќе светне на црвено, а тоа не смее да се игнорира.
Црвен сигнал
Ако на сензорите се појави црвена боја, нивото на масло веќе е дојдено под минимумот. ТОгаш почнуваат проблемите со работата на моторот. Тоа значи само едно, а тоа е дека во сосема скоро време ќе почне „глад за масло“ што е многу штетно за самиот агрегат. Во таков случај, можете да поминете околу 200 километри, а потоа морате задолжително да долеете течност.
Затоа е подобро да го запрете автомобилот и да побарате помош бидејќи црвената сијаличка може да значи и други проблеми, покрај брзото паѓање на нивото. Меѓу нив е и дефект на пумпата за масло, на пример. Работата со недоволно масло со сигурност ќе биде причина за дефект на моторот така што е подобро тој да биде исклучен.