Според шведската агенција за статистика, жените во овој сектор во просек заработуваат по 43.600 круни, а мажите 44.400.
Шведска, како и многу други земји ширум светот, во последните неколку години има зголемена побарувачка за професионалци во ИТ секторот, пренесува Агенцијата Анадолија.
Вработените во овој сектор во Шведска можат да заработат околу 44.200 круни или 4.200 евра месечно.
Според податоците на Агенцијата за статистика во Шведска, жените во овој сектор заработуваат просечно 43.600 круни месечно, а мажите 44.400.
ИТ професионалците кои имаат завршено и постдипломски студии во ова поле, можат да заработат околу 4.920 евра.
Порталот “The Local“ пишува дека шведската технолошка сцена се соочува со недостиг на ИТ професионалци, а програмерите се една од најбараните професии во оваа скандинавска земја.