Мотивирани и задоволни вработени можат да создадат значително подобрување во компанијата и да го издигнат бизнисот на едно ново ниво, исто како и Бил Гејтс, благодарение на т.н тетрис ефект.
Луѓето често мислат дека ако работат напорно и станат успешни, неизбежно ќе бидат и среќни.
Сепак, формулата за успех гласи поинаку. Наместо прво успехот па среќата, треба да биде токму спротивното.
На прво место треба да биде нашата среќа, а потоа и нашиот успех.
Една неодамнешна студија објавена во Harvard Business Review вели дека луѓето кои се чувствуваат среќно се попродуктивни за 31 процент, имаат за 37 проценти поголема продажба и се три пати покреативни.
Добрата вест е дека сите можеме да се прилагодиме на попозитивен начин на размислување кој ќе ни донесе посреќен став.
Човековиот мозок е неверојатен бидејќи го поседува она што научниците го нарекуваат “невропластичност“ што значи дека нашите мозоци се во можност да се менуваат и прилагодуваат со текот на нашите животи.
Имено, постои можност да се фокусираме на среќни мисли и да ги отфрлиме негативните, а ова се нарекува “тетрис ефект“.
Што треба да направите за да бидете посреќни?
На крајот на работното време запишете три добри работи што ви се случиле во денот.
Денот треба да ви заврши со позитивни мисли и да се свртите кон нови потенцијални среќни идеи.
Овие идеи може да бидат мали работи како што е некоја шега што ве натера да се смеете или нешто што ви даде надеж или чувство на достигнување.
Оваа вежба можеби не делува сериозно, но истражувањата покажале дека оние што ја практикувале биле посреќни, помалку депресивни и помалку нервозни од вообичаеното во текот на својата работна недела.
Испробајте ја оваа техника секој ден и споделете ги резултатите со нас!