Тротинетите ќе можат да се движат по велосипедски патеки, а во случај да нема одбележани патеки ќе можат да се движат и по тротоар.
Законските промени кои веќе поминаа на седница на Владата, предвидуваат и ограничување на брзината на движење на електричните тротинети.
Максималната брзина на велосипедска патека е 25 км/ч, а на тротоар 6 км/ч.
Возачот на тротинет треба има наполнето 14 години и не смее да превезува други лица. Прекршувањето на овие одредби ќе се казнува со 50 евра.
Предвидено е и задолжително носење на флуоросцентни елеци во вечерните часови или кога временските услови го наметнуваат тоа.
Предвидените казни се од 50 евра за не носење на елек, за возење по улица и булевар 80 евра, до 120 евра за надминување на дозволената брзина.
Тротинетот треба да биде осветлен од предната и задната страна со бело односно црвено светло.
Извор: Локално