Како компанија особено внимаваме на благосостојбата на вработените и сметаме дека една компанија не може да се развива доколку не се грижи за своите вработени. Мене како сопственик ми е особено драго да кажам дека вработените на Delight во текот на денот беспрекорно и непречено си ги завршуваат обврските и на крајот на работниот ден си заминуваат со ведар лик исполнети со енергија за остатокот од денот. Тоа е она на што сме особено горди и се трудиме и во иднина да го развиваме.
Интервју со Зоран Арсов, COO Partner во фирмата Delight Office Solution
Delight е регионална компанија која е присутна повеќе од една деценија на пазарот. Кажете ни нешто повеќе за почетоците и развојот на Delight на македонскиот пазар?
Delight како компанија започна официјално со работа во Македонија март 2013та година. Индиректно преку главниот бренд кој го застапуваме Steelcase и неговите производи сме присутни на пазарот и кај клиентите во Македонија од 2001 година. Со развојот на домашните и странските компании кои стануваа се посвесни за потребата од соодветни решенија за канцелариски простор се наметна и потребата за отварање на канцеларија и во Скопје, која ќе помогне и на нашите клиенти во Македонија да имаат канцелариски простор во кој ќе работат поефикасно, полесно и поуспешно. Нашата компанија беше препозната од бројни интернационални и домашни компании како партнер кој предлага решенија за уредување специфично креирани канцелариски простори за одреден корисник, притоа користејќи производи од водечки лидери во индустријата за опремување канцелариски простори - Steelcase, Interface и DEKO. Денеска со гордост можеме да кажеме дека имаме опремено канцеларии на многу интернационални и домашни компании.
Инаку, да отпочнете со работа во услови кога во Македонија не постои компанија која ќе понуди на едно место знаење, предлог решение и квалитетен производ беше голем предизвик но денеска е и задоволство бидејќи ја олеснуваме работата на нашите клиенти. Почетоците во Македонија беа интересни, бидејќи првиот чекор беше да се разбудат компаниите и да им се предочат предностите кои може да ги имаат доколку посветат внимание на уредувањето на работниот простор и како тоа ќе влијае на оптимизација на работниот простор, ефикасноста на вработените, градење на организациската култура, идентификација на вработените со компанијата, зголемување на продуктивноста и слично.
За нас, како дел од групација, ова беше во одредена мера и лесно бидејќи моделот на знаење веќе постоеше од другите регионални канцеларии и во овој случај требаше да се прилагоди на локалните услови.
10 години успевате да ја зголемите вредноста на вашите клиенти правејќи го нивниот работен простор поефикасен и подобар. Како го постигнувате тоа?
За да го постигнете тоа потребен ви е во прв ред тим на мотивирани, ангажирани вработени кои се експерти во пронаоѓање на решенија за нашите клиенти. Тоа значи добар капацитет на слушање но и соочување на клиентот со решенијата за кои можеби никогаш не ни помислил. Понатаму, потребна ви е добра интерна организација, тим во кој точно се знае кои се обврските и задолженијата на секого. Многу важно е да имате и квалитетни произведувачи кои стојат зад сите производи кои ги имаме во нашата понуда. Тоа во нашата компанија е од редот на најголемите и најреномирани произведувачи во индустријата на производство на канцелариски мебел, подни облоги, преградни ѕидови итн. И за крај регионалната помош од нашите канцеларии во Белград, Загреб, и Љубљана, пазари каде Delight е водечка фирма во нашата дејност долг низ на години.
На кој ваш проект сте посебно горди?
Сите проекти на кои сме работеле си имаат своја приказна и убавина. Би било неблагодарно да издвојуваме бидејќи секој проект е решение за проблеми кои сме ги идентификувале заедно со клиентите во фазата на истражување. Како што напоменав предходно, нашата работа се состои во детална анализа и идентификација на проблеми и предизвици со кои една компанија се соочува а дури потоа заеднички доаѓаме до најдобрите решенија. На секој проект нашиот тим е инволвиран 100% и секој резултат ни е особено драг и се гордееме со решението подеднакво. Крајниот резултат се задоволни клиенти и среќни вработени. Некои од нашите референци може да ги погледнете на нашата web страница www.delightoffice.mk
Delight со своето искуство и знаење од областа на ентериерот поддржува и поттикнува благосостојба во секоја работна средина која ја опремува. Како го постигнувате тоа во вашата компанија?
Како компанија особено внимаваме на благосостојбата на вработените и сметаме дека една компанија не може да се развива доколку не се грижи за своите вработени. Нашата компанија во Македонија брои 8 вработени. Јас велам, компанија со мал број на вработени ги има и се соочува со исти проблеми како и компании со далеку поголем број на вработени. Вработените во Delight имаат работен простор кој ги има решено секојдневните предизвици на модерна канцеларија. Имаме зона со електрични висински подесиви работни бироа која го адресира предизвикот за долго седење на работното место како негативен фактор за нашето здравје. Имаме зона за одмор и релаксација, зона која овозможува колаборативна заедничка рабoта но и канцеларија која овозможува по потреба да се изолираат и фокусираат во текот на работниот ден. Мене како сопственик ми е особено драго да кажам дека вработените на Delight во текот на денот беспрекорно и непречено си ги завршуваат обврските и на крајот на работниот ден си заминуваат со ведар лик исполнети со енергија за остатокот од денот. Тоа е она на што сме особено горди и се трудиме и во иднина да го развиваме.
Што значи да се биде дел од тимот на Delight?
Да се биде дел од тимот на Delight значи да се биде пред се личност која е креативна, која ќе сака да истражува и да учи. Работата во Delight во текот на целиот процес е тимска, па би рекол дека она што е од особена важност е вработените во Delight да имаат подготвеност за меѓу колегијална соработка и взаемно почитување. Тоа значи и да се биде дел од нешто големо, бидејќи она што Delight го претставува не само во Македонија туку и во целиот регион е нешто посебно, собир на креативни и амбициозни луѓе кои на дневна основа им помагаат на нашите клиенти работниот ден да го претворат во задоволство.
Во моментов имате потреба од Workplace Consultant. Каков треба да биде идеалниот кандидат за оваа позиција и како би изгледал еден негов работен ден?
Лицето кое сака да биде Workplace Consultant во Delight би требало да има во себе дух кој ќе биде проактивен, енергичен, прониклив. Работата во Delight е динамична. Организира состаноци, секојдневно е во комуникација и запознавање на нови луѓе, предлага решенија од врвни светски брендови. Постојано се среќава со предизвик кој го носи секој нареден проект. Како што рековме да се дојде до решение потребно е да се изоди заеднички со клиентот фаза на истражување која е доста занимлив процес. Решенијата кои се предлагаат се внимателно изработени од страна на архитекти во Delight. Секој проект има своја визуелизација која му овозможува на консултантот полесна презентација пред клиентите. На крајот на целокупниот процес имате успешен проект и задоволен клиент. Секако низ процесот во почетокот кандидатот добива и менторство од Workplace consultant кој е подолго на позицијата а ќе добие и соодветна обука и знаење кое ќе биде пренесено од страна на експерти во областа од Steelcase. Неговиот личен успех е истовремено успех на компанијата и на таков начин пристапуваме и кога се работи за финансискиот надомест и наградите кои се исто важен и мотивирачки фактор.
Доколку се пронајдовте во описот, аплицирајте на огласот за WORKPLACE CONSULTANT
линк за повеќе детали и аплицирање