Од 16. до 23. октомври порталот Vrabotuvanje.com.mk го организираше првиот онлајн саем за вработување во Македонија кој беше посетен од преку 50.000 посетители, а освен можност да аплицираат на голем број огласи за вработување, тие имаа шанса да освојат и вредни награди преку учество во виртуелниот настан “Лов на богатство“.
Како организатори на првиот виртуелен саем за вработување во Македонија, оваа година решивме да го наградиме најкреативниот одговор на прашањето “Во какви компании вработените не го мразат понеделник?“.
Од сите четири земји пристигнаа преку 2.500 одговори, а победникот од Македонија е Дарко Величковски на кого му припадна наградата Laptop Lenovo V130.
Во оваа прилика, Дарко напиша: “Во компании каде се стигнува со електричен тротинет Xiaomi m365 притоа се мери времето на брзина на спортскиот часовник Huawei GT Active, и се работи на лаптоп Lenovo v130, и секако службениот телефон е iPhone 10“.
Наградите за најкреативните одговори беа навистина вредни и истите беа рамноправно поделени во сите четири земји од регионот. Главната награда iPhone X 64GB замина во Србија, електричниот тротинет XIAOMI M365 во Босна и Херцеговина, а спортскиот часовник HUAWEI GT Active му припадна на учесник од Хрватска.
Откако му ја предадовме наградата на победникот Дарко, поразговаравме со него во врска со неговите впечатоци од првиот виртуелен саем за вработување во Македонија.
Виртуелниот саем за вработување беше одлична можност за секој што бара работа, а нема време физички да ги посети штандовите со цел да може да се запознае со компаниите, нивните отворени позиции и како се одвива процесот на селекција. Особено интересно беше што секој може да дознае повеќе информации за компанијата, како на пример: какви бенефиции и придобивки се нудат и да се прочитаат искуства од вработени во истата компанија. Предноста на виртуелниот саем за вработување беше што во секое време можеше да се посетат штандовите и секако преку чет можеше да се поразговара за било какви прашања директно со претставници на компаниите.
Им благодариме на сите посетители за нивното учество, а на победниците им посакуваме освоените награди да ги служат уште долго!
Најновите огласи, вести и совети за барање работа следете ги и на Vrabotuvanje.com Linkedin профилот!