За време на “големата рецесија“ само во САД биле отпуштени преку 2.6 милиони луѓе.
Новата економска криза е на прагот, најавувана од голем број економски аналитичари и како секоја криза пред неа, таа е најголема закана за голем број работни места ширум светот.
Така на пример, за време на “големата рецесија“, отпуштени биле околу 2.6 милиони луѓе само во САД како резултат на падот на економската активност која влијае на пад на потрошувачката и бруто домашниот производ.
Економистката Јулија Полак анализираше кои работни места се безбедни во случај на следна голема рецесија и постои тенденција дека побарувачката за работници во овие сектори ќе се зголеми. Имено, додека кризата влијае на финансискиот и банкарскиот сектор, како и на голем дел од автомобилската и градежната индустрија, некои сектори и покрај рецесијата, не бележат помал обем на работни места, дури им се потребни и нови вработувања.
Според статистичките податоци, ова се работните места кои што доживеале пораст на персоналот за време на кризата:
– Физиотерапевти и специјалисти за масажа – раст од 30,8%,
– Медицински техничари – раст од 21,2%,
– Психијатри и психолози – раст од 15%,
– Судски службеници – раст од 13%,
– Логистика – раст од 16%,
– Фармацевти – раст од 5,9%,
– Полициски службеници – раст од 3%,
– Спортски тренери – до 11,4%,
– Болничари во Брза помош – зголемување од 10,2%,
– Готвачи – раст од 2,5%,
– Негуватели – раст од 6%,
– Менаџери аналитичари – раст од 7,3%,
– Негуватели на стари лица – пораст од 15,2%,
– Медицински сестри – раст од 7,6%.
Најновите огласи, вести и совети за барање работа следете ги и на Vrabotuvanje.com Linkedin профилот!