Секој од нас има свои добри и лоши навики. Некои од нив несвесно ги правиме и надвор од домот и приватноста.
Нетрпеливост
Нетрпеливоста не е особина на добрите работници. Дури, и кога вашите колеги или клиенти се однесуваат неодговорно, треба (барем на почетокот) да им пристапите смирено и пристојно. Поради нетрпеливоста често може да оставите впечаток на незадоволна и фрустрирана личност, со која никој нема да сака да соработува.
Доцнење
Доцнењето е една од првите работи што другите ќе ја забележат и нешто што никогаш не треба да си го дозволите на вашето работно место. Се разбира, на секој може да му се случи да задоцни одвреме-навреме, јавниот превоз може да биде одложен или автомобилот може да се расипе, може да се случи некоја друга непредвидена ситуација која ќе не принуди на доцнење. Но, понекогаш ако се случи да задоцните не е голем проблем. Животот е едноставно таков. Меѓутоа, ако постојано доцните без никаква оправдана причина, вашите претпоставени ќе почнат да се сомневаат во вашата одговорност и ќе почнат да се прашуваат дали заслужувате вистинско место во компанијата.
Постојано жалење
Сите ние, се разбира, имаме лоши денови за кои сакаме да разговараме со другите. За жал, секогаш постои барем еден колега со кого заедничката работа станува навистина исцрпувачка. Него ништо не му одговара, тој постојано се жали и имплицитно сугерира дека претпоставените не знаат ништо за неговиот придонес во работата. Тие вработени најчесто работат под менаџментот или другите раководни лица во компанијата. Тие се иритирачки, но се чини дека не прават голема штета сè додека некој ден не ви го расипат расположението комплетно. Личностите коишто постојано се жалат се во ситуација да ја заразат работната околина со нивната негативност и создаваат сомнеж во главите на другите членови на тимот.
Непримерно изразување
Сите понекогаш се лутиме. Но, изберете ги внимателно вашите зборови кога ќе дојде таков ден. Избегнувајте пцовки и навредување на другите колеги. Доколку ви излета некој несоодветен израз, не заборавајте да се извините и обидете се никогаш да не се повтори. Ова е особено точно ако се случи во присуство на клиенти или претпоставени.
Неуредност
Вашето работно место треба да биде уредно. И со тоа се мисли не само на работното биро, туку и кујната или кое било друго место што го делите со колегите. Оставањето ѓубре и валкани садови создаваат слика на арогантна личност која нема разбирање кон другите колеги.