Писмото за мотивација е многу важен дел при аплицирањето за работа. Со помош на ова писмо имате шанса да напишете зошто токму вие сте совршениот кандидат за позицијата. Како и за се, така и за ова постојат правила за тоа како треба да биде структурирано едно мотивационо писмо.
При негово креирање обрнете внимание на овие 5 работи:
1. Претставете се себеси
2. Спомнете ја работата за која аплицирате
3. Покажете дека вашето искуство и вештини се совпаѓаат со квалификациите потребни за позицијата
4. Поттикнете го работодавецот да го прочита вашето резиме
5. Завршете со дел каде велите дека се надевате на понатамошен личен контакт
Запомнете го ова:
1. Писмото треба да биде кратко (максимум 1 страна)
2. Никогаш не праќајте исто писмо на две различни места (прилагодувајте ја содржината во однос на позицијата за која аплицирате)
3. Бидете кратки и концизни во наведувањето на вашите моментални работни задачи
4. Поврзете се со работодавачот (истражете за компанијата и искористете ги тие информации при креирање на писмото)
Писмото е надополнување на вашата биографија, односно CV, затоа задржете се само до најважните работи за вас и вашите работни достигнувања.