За да бидат попродуктивни и помалку склони кон консумација на алкохол, вработените не треба да доаѓаат на работа пред 10 часот, а студентите на часови пред 11 часот, предупредуваат научници од Оксфордскиот универзитет.
Принудувањето на вработените кои се помлади од 55 години да дојдат на работа пред 10 часот е контрапродуктивно. На овој начин, тие се уморни, имаат послаб имунитет и се повеќе склони кон болести и стрес. Тоа води кон слабеење на меморијата и недостаток на внимание и може да заврши со алкохолизам или употреба на дрога, тврдат научниците од Оксфордскиот универзитет.
Нивните тела се исцрпени како резултат на несоница, а тоа има огромно влијание врз продуктивноста. По 55-тата година од животот, на луѓето им е потребно помалку сон, но до тогаш, не треба да почнуваат со работа пред 10 часот како би останале полни со работен елан и продуктивност. Од друга страна, студентите не треба да одат на настава пред 11 часот, објаснува Д-р. Пол Кели, научник од Оксфорд.
Студиите покажуваат и дека просечниот ученик на возраст од десет години не може целосно да се фокусира на предавање кое почнува пред 08:30 часот, а за средношколците постари од 16 години таа граница е 10 часот. За студентите, најдобро време за предавање и учење е по 11 часот.
Живееме во едно време на несоница. Не можеме да го смениме нашиот 24-часовен биоритам. Од друга страна пак не можеме едноставно да научиме да се кренеме на нозе во одредено време. Човековото тело живее во хармонија со сонцето, а недостатокот на сон е тортура за неговото здравје. Токму затоа е потребно општеството да го прилагоди работното време со природниот часовник на луѓето бидејќи вака работниците, учениците и студентите се изложени на здравствени и психолошки проблеми, додава Д-р. Кели за Daily Mail.
Дали сметате дека работното време треба да започнува од 10 часот?