Првиот потрес на македонска територија годинава бил на 4 јануари и бил со магнитуда 2. Последниот, пак, бил на 19 ноември со јачина од 2,7 степени. Нашата земја досега ја погодиле 35 земјотреси, покажуваат податоците на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Тоа што на листата не се наведени последните потреси е поради тоа што нивните епицентри не се во нашата земја.
Најсилниот земјотрес годинава во Македонија бил со магнитуда 3,9. Овој земјотрес се случил на 15 ноември, на 16 километри западно од Другово, а длабочината на епицентарот била 96 километри. На второто место според јачината е земјотрес од 14 јуни, кој имал јачина од 3,8 степени, длабочина од 5 километри, а се случил на еден километар северно од Охрид.
Целиот текст и целата листа погледнете ги на линкот.