Во месец декември на околу 185 илјади граѓани кои скенирале фискални сметки ќе им бидат исплатени вкупно 3 милиони евра од проектот „Мој ДДВ“, но околу 10.000 граѓани кои учествувале во повратот може да останат без паричните средства затоа што ја немаат или не ја навеле точната трансакциска сметка.
Ова беше објавено вчера на заедничката конференција на Министерството за финансии, УЈП и Фондот за иновации. До 28 ноември има 184.728 корисници на апликацијата „МојДДВ“, скенирани се 39.584.924 фискални сметки а остварен е промет од 19 милијарди 378 милиони денари. Вкупно остварена наплата на ДДВ од 5 и 18 проценти од овој промет изнесува 2 милијарди 98 милиони 709 илјади денари. Вкупно оствареното право на поврат за време на цело време на траење на мерката изнесува 5 милиони 119 илјади евра.
На овој ЛИНК може да проверите колку пари имате на сметката на Мој ДДВ.
Целиот текст може да го прочитате на линкот.