45-годишна жена од австралискиот град Аделаида е осудена на 25 месеци затвор поради наведување на лаги во својата кратка биографија врз основа на која добила многу одговорна работа со висока плата.
Австралијанката Вероника Хилда Теријалт (45) доби затворска казна од 25 месеци поради тоа што не била “целосно искрена“ кога се пријавила за работа во федералното министерство во Аделаида.
За да ја добие работата како генерален директор на одделот за ИТ и да заработи годишна плата од 270.000 австралиски долари, таа во својата кратка биографија навела лажни информации за завршено образование и работно искуство, а освен тоа фалсификувала и платни списоци од претходните работни места.
И не застанала само на тоа. Имено, на нејзиниот LinkedIn профил, наместо своја, таа користела фотографија од супермоделот Кејт Аптон, а покрај тоа, фалсификувала и медицински извештај бидејќи не била погодна за работата.
Неверојатно е што државната агенција ја платила дури и повеќе од тоа што првично било предвидено за отвореното работно место.
Но, по еден месец работа тие ја откриле измамата и веднаш и дале отказ, а случајот го пријавиле до надлежните институции.
Во обвинението против Теријалт стои дека таа е обвинета за измама, неодговорно користење на документи и злоупотреба на службена должност.
Судот во австралискиот град Аделаида ја осуди Вероника Хилда Теријалт на 25 месеци затвор, со можност да биде ослободена за 12 месеци поради добро однесување.