Швајцарија има втора највисока просечна плата во Европа и трета најдобра во светот. Податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) го потврдуваат статусот на Швајцарија како една од најдобрите земји во светот за заработување пари.
Според податоците на ОЕЦД за 2019 година, годишниот расположлив доход во Швајцарија изнесува 37.072 швајцарски франци по домаќинство.
Највисоката просечна плата за извршен директор изнесува од 100.000 – 130.000 франци годишно.
Нешто помалку заработуваат вработените во ИТ секторот каде што просекот изнесува 117.000 франци годишно.
Адвокатите во Швајцарија заработуваат во просек 111.600 франци годишно и тоа ги рангира на третото место според висината на платата.
А остатокот?
Наставниците во Швајцарија заработуваат околу 87.500 франци бруто – иако постои голема разлика помеѓу кантоните.
Така, во Женева просветните работници заработуваат просечно по 97.000 франци годишно, додека во Тичино платата за истата работа е само 66.000 франци.
Државните службеници во просек земаат по 85.800 франци, што е приближно колку платата за новинар или уредник.
Таксистите се едни од најнископлатените вработени во Швајцарија – заработуваат годишна бруто плата во износ од околу 38.000 франци.